Состојки
Анасон Анасон претставува едногодишна лековита билка со многу пријатен мирис која се употребува во народната медицина или како зачин. Припаѓа во семејството на целер и магдонос. Во кулинарството, како зачин, анасонот се карактеризира со својот сладок и пријатен мирис и се користи во подготовка на супите и јадењата од риба, живина и коренестиот зеленчук. Во основа, се употребува семето од овој зачин, меѓутоа се користат и другите делови. Листовите од анасон може да се употребат во многубројни јадења како зачин во свежа или сушена форма, целосни или сомелени.  
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: