Состојки

Бадемово млеко
Бадемот (Prunus dulcis) е малечко дрво кое припаѓа на подфамилијата Prunoideae од фамилијата Рози, всушност бадем се нарекува исто така и плодот на ова дрво.
Бадемовото млеко, како производ од бадемите, е исклучително здраво и корисно, често препорачливо од докторите. Не содржи холестерол и богато е со витамини и микроелементи кои обработени во нашиот организам, многу лесно се апсорбираат. Содржи и јаглени хидрати и протеини како и калциум и витамин Е. Инаку, бадемовото млеко се состои од 4 пати повеќе калциум отколку кравјото млеко. Освен калциум, бадемовото млеко изобилува и со витамини од групата Б, калиум, цинк, манган, магнезиум, фосфор, железо и други минерали.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти