Состојки

Брокула
Брокулата е зелен зеленчук што преставува права ризница на корисни нутиритенти, кои се многу значајни за одржувањето на здравјето на човекот. Меѓу другото, брокулата содржи големи количества на витамини А, Ц и Е, минерали како калциум, магнезиум, железо, бетакаротен, фолна киселина и многу други корисни состојки неопходни за човековото здравје.
Брокулата е јак антиоксиданс, кој го штити организмот од штетното дејство на слободните радикали. Според тоа, брокулата е одличен природен лек кој го зајакнува имунитетот, го одржува организмот во одлична психичко - физичка кондиција и го детоксицира организмот, па затоа благо се препорачува неговата консумација во секојдневната исхрана.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти