Рецепти
Тава со брокула и прокељ Ана Ѓорова

За уште повкусна варијанта, обарениот зеленчук пред да го ставите да се пече запржете го во масло, па испечете го заедно со месото

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пилешко месо(500 Грама)

Црвен кромид(2 Главици)

Брокула(1 Китка)

Прокељ(250 Грама)

Морков(4 )

Јајце(1 )

Кисела павлака(250 Милилитри)

Сол

Бибер

Вегета

Вода(250 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Кромидот ситно исечкајте го и ставете го во тава на оган со загреано масло. Пржете го околу 5 минути. Додајте сол.
  2. Стекот исечете го на ситни коцки, па додајте го во тавата со кромиот и продолжете да ги пржите заедно уште најмалку 10-тина минути.
  3. Во меѓувреме брокулата измијте ја и исечете ја на цветчиња, прокељот измијте го и исчистете го од надворешните ливчиња, а морковот излупете го и измијте го, па исечете го на парчиња.
  4. Сите заедно ставете ги во солена вода во тенџере на оган да се варат, но да не бидат преварени.
  5. Откако ќе се свари зеленчукот, подгответе тепсија за печење или земјена тава и во неа претурете го сварениот зеленчук и претходно испржениот стек со кромидот.
  6. Убаво распоредете ги во тавата, зачинете со сол, бибер и вегета, па врз јадењето претурете мешавина од матено јајце со виљушка заедно со киселата павлака.
  7. Печете во рерна на 180 степени колку да се запече или да зарумени.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: