Состојки
Диња Дињата припаѓа на фамилијата Cucurbitacae каде припаѓаат и лубеницата, тиквата и краставицата. Плодот на дињата е жолтопортокалов, сочен, со благ вкус и карактеристична арома. За јадење е добра потполно зрела диња. Дињата се јаде свежа, исечена на парчиња и е одлично освежување во летните месеци. Но, од дињата се прават и овошни салати, компоти, џемови, сокови. Се користи плодот, коренот и семето. Плодот на дињата содржи 95% вода, 1% белковини, 5,5% шеќери, 1 грам растителни влакна, лимонска киселина, етерични масла. Од витамини содржи многу каротин (2000 милиграми), витамини од групата Б и витамин Ц. Од минерали, дињата е богата со калиум, фосфор, магнезиум, железо, цинк и бакар. Дињата содржи висок процент вода и многу малку калории. Како и другото овошје, дињата не содржи масти и холестерол. Во семето на дињата има вода, водородни соединенија, фитини и масни киселини.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: