Состојки
Естрагон (Тарос)
Естрагонот (тарос или змиска тревка) е зачин што потекнува од Евроазија и Северна Америка. Таросот се користи за медицински цели во многу земји и е познат под повеќе неформални имиња како „француски тарос“ (најдобар за кулинарска употреба), „руски тарос“ (обично подобар од дивиот тарос, но не толку добар како францускиот тарос за кулинарски цели) и „див тарос“ (кој е распространет во повеќе земји).
Таросот се карактеризира со специфичен мирис кој потсетува на анасон што се должи на присуството на естрагол.
Претставува еден од четирите главни зачини на француската кујна и е особено погоден во комбинација со пилешко месо, риба и јајца. Во кулинарството исто така се користи и за зачинување на популарниот газиран безалкохолен пијалак Тархун, попознат во Ерменија, Азербејџан, Грузија како и во Русија, Украина и Казахстан. Пијалакот е изработен од сладок тарос концентрат и е со светлозелена боја.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти