Состојки
Кафеав ориз
Кафеав (интегрален) ориз е полнозрнеста вид житарица кој содржи витални хранливи материи. Имено, кафеавиот ориз содржи исклучително висока содржина на селен, кој е важен минерал, познат по драстичното намалување на шанси за развој на некои форми на рак, како и кардиоваскуларни заболувања, воспалителни состојби и ревматоиден артритис. Содржи и високо ниво на манган, антиоксиданси, растителни влакна и природни есенцијални масти, се смета и дека има повисоко ниво на витамин Б3, Б1 и Б6 и железо во споредба со бел ориз.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти