Состојки
Кељ Кељ (Brassica oleracea) е растение од семејството зелјести плодови. Навидум наликува на зелка, се карактеризира со сладок вкус и зелена боја, а доколку овене или стане кафеавкаст, станува малку погорчлив. Кељот е достапна состојка, го има во текот на целата година и може да се користи во кулинарството варен, да се бланшира или пржи. Во јадењата може да биде заменлива состојка на зелката и спанаќот. Му дава боја и специфичен вкус на речиси секое јадење. Имено, кељот престставува благотворен зеленчук: одличен извор на калциум, магнезиум, витамин К, витамин А, витамин Ц, растителни влакна, железо, фолна киселина, аминокиселини, антиоксиданти флавоноиди и лутеин. Кељот претставува еден од најхранливите зеленчуци што се препорачува во секоја кујна.

 
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: