Состојки
Кифли
Кифла е вид фино печиво обично во форма на полукруг (полумесечина). Се приготвуваат од тесто (брашно, јајца, масло, квасец, млеко) и се расукуваат во форма на круг кој се дели на 6 до 8 еднакви делови. Секој дел се полни со фил и замотува или само се замотува без додаток на фил и се пече во тепсија.
Филот може да биде солен (јајца со сирење, шунка и слично) или сладок (џем, крем, шеќер, мак со шеќер и слично).
Кифлите претставуваат дел од нашата традиционална трпеза и се сервираат на разни начини - во солена или блага варијанта. Сепак, празничната македонска трпеза не може да се замисли без домашни кифлички.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти