Состојки
Кинески црни печурки Кинески црни печурки се користена намирница во азиската и кинеската кујна. Бојата е црна, но може да се најдат и во светло или темно кафена, дури сива боја. Преставуваат посебен вид печурки поради деликатниот и интензивен вкус, затоа се и со многу висока цена. Во кујната, се преферираат свежите кинески црни печурки кои растат во должина до 5 сантиметри и се највкусни, меѓутоа во азиските рецепти се користи овој вид печурки во сува форма бидејќи имаат уште поинтензивен вкус. Кинеските црни печурки се популарна намирница кај вегетаријанците бидејќи се ретка состојка што не содржи месо, а е богата со витамин Б12. Освен тоа, содржат и витамин Б и протеин, а се верува дека помагаат во регулирање на нивото на холестеролот и нискиот притисок. Содржат и натриум глутанат и се препорачува да не се додава сол додека се готват бидејќи веќе содржат зачинет вкус.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: