Состојки
Кисела зелка
Киселата зелка претставува намирница која е дел од нашата традиционална кујна. Киселата зелка е вкусна и функционална состојка во подготовка на многу традиционални оброци меѓу кои сарми, салати, месо, подварок и слично, затоа многу често се наоѓа на нашата македонска трпеза.
Меѓу другото, киселата зелка има и многу здравствени придобивки. Една мала порција кисела зелка ги задоволува дневните потреби на организмот за витамин Ц и со тоа спречува стареење на организмот, бидејќи витаминот Ц е антиоксидант кој го забавува стареењето. Влијае во намалувањето на стресот и зајакнување на имунитетот и му оди во прилог на цревниот тракт бидејќи е богата со пробиотички култури.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти