Состојки
Корен од ѓумбир
Ѓумбирот (Zingiber officinale) е ризом, растение кое расте длабоко под земјата и разгранува корени кои се јадат. Зазема специјално место во многу кујни поради специфичната арома и остриот, пикантно лут вкус кој го издвојува од останатите зачини, но исто така и заради неговите лековити својства. Откако коренот на растението се откопува и кине, се мие и се суши на сонце и се припремува.
Коренот од ѓумбир содржи само 80 калории на 100 грама производ, кој во најголем дел е сочинет од јаглехидрати-18 грама, протеини-2 грама и масти-1 грам. Коренот од ѓумбир е познат и по своите антиканцерогени својства, а неговата лековитост е призната и се променува како во лекувањето во минатото така и во медицината во денешно време.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти