Состојки
Лимонова трева
Лимоновата трева потекнува од тропските краишта на Јужна и Југоисточна Азија и Австралија. Поради големите можности за употреба, првенствено во исхраната, лимоновата трева често се одгледува, исто така, и во другите делови од светот, особено во САД. Оваа билка има околу 50 различни подвидови, а се користат само две. Лимоновата трева има тенки, долги сивозелени ливчиња и луковичеста основа. Цитрал е есенцијално масло кое оваа билка го содржи и кое ѝ дава киселкаст мирис и вкус.
Лимоновата трева најпрво се употребува како извонреден зачин за во супа, чорба, за јадења од живина, риба и морски плодови. Според вкусот одлично се сложува со чилито и лукот. Исто така, лимоновата трева претставува основа на многу популарни пијалаци во Азија.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти