Рецепти
Пиле во кокосов сос Ана Ристеска

Вкусен азиски специјалитет од пиле во сос од кокос

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Чили пиперка(2 )

Ѓумбир(1 Супена лажица)

Бел лук, излупен и згмечен(2 Чешниња)

Кокосово масло(1 Супена лажица)

Сол(1/2 Кафена лажица)

Бибер(1/2 Кафена лажица)

Сечкан магдонос(1 Чаша)

Пиле(1 )

Коцка за супа-бујон(2 Чаши)

Лимонова трева(1 )

Листови од лимета(2 )

Кокосово млеко(400 Милилитри)

Компир(400 Грама)

Свеж сок од лимета(1 )

Кафеав шеќер(2 Кафени лажици)

Соја сос(1 Супена лажица)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 90 минути

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени.
  2. Убаво сомелете една чили пиперка. Додајте го чилито, ѓумбирот, лукот, маслото, пола чаша магдонос, сол и бибер и убаво промешајте.
  3. Убаво измијте го пилето од внатре и од надвор и исушете го. Со мала лажичка, почнувајќи од крајот кај вратот почнете да ја откачувате кожата од месото. Буткајте со лажичката до каде што ќе можете, но внимавајте да не ја искинете кожата.
  4. Смесата со магдоносот и чилито ставете ја под кожата и со прсти распоредете ја најрамномерно што можете.
  5. Пилешкиот бујон, листовите од лимета, лимоновата трева и цела чили пиперка ставете ги во тава за печење.
  6. Ставете го пилето во тавата, покријте го и печете околу 45 минути. Потоа тргнете го капакот, додајте го кокосовото млеко и компирите и печете уште 30 минути.
  7. Извадете го пилето од тавата и завиткајте го во фолија. Нека седи така околу 5 минути.
  8. Вишокот масло од сосот извадете го (тоа е околу 5 супени лажици) и во преостанатиот сос додајте ги сојата, сокот од лимета и шеќерот. Мешајте додека шеќерот не се растопи.
  9. Послужете го пилето цело или исечено на парчиња и полиено со сосот.
Пилешко со брокули и соја сос
Пикантно пилешко во слатко-кисел сос
Полнети ролнички со месо и зеленчук
Филипински лумпии
Пилешко на индиски начин
Пилешки крилца со сусам
Оризова каша
Пилешко со нудлс
Харусаме со свинско месо
Корејска чорба со тофу
Палачинки со млад кромид
Суши Нори
Кинеско свинско со ананас
Салата од печен наут со кељ
Кинески погачки (посно)
Чанамасала
Златно млеко
Зелка салата со сусам и ѓумбир
Говедско месо на монголски начин
Ориз со печурки
Пападичад
Малајтика
Пржено пилешко со киви
Теријаки сос
Тајландска супа од кокос и пилешко месо
Свинско филе на индонезиски начин
Баба гануш (хроно)
Индиски леб
Пудинг од моркови
Слатко-кисели пилешки топчиња

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: