Рецепти
Пикантно пилешко во слатко-кисел сос Ана Ѓорова

Специјалитет од азиската кујна за посмелите готвачи

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пилешки гради(600 Грама)

Шитаке печурки(100 Грама)

Црвена зелка(1/2 Главица)

Кромид(1 Главица)

Зелена лута пиперка(1 )

Морков(4 )

Сенф(1 Супена лажица)

Мед(50 Грама)

Соја сос(4 Супени лажици)

Масло

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

  1. Месото исечете го на долгнавести парчиња и измешајте го во чинија со 3 лажици соја сос и половина од медот.
  2. Маслото загрејте го во вок тава на оган, па пржете го месото.
  3. Откако ќе порумени, ставете го во цедалка настрана, па на истата исцедена маснотија пржете ги исечканите печурки на листови. Потоа и нив додајте ги во цедалката.
  4. Во маснотијата во вок тавата пржете го кромидот исечен на резанки, па откако ќе се запржи додајте ги морковите и зелката исечени на долгнавести парчиња, ситно сечканата лута пиперка и промешајте.
  5. Преостанатиот соја сос и сенфот додајте ги во садот со преостанатиот мед и промешајте.
  6. Откако зеленчукот ќе омекне во тавата, вратете ги печурките и месото, па прелијте со слатко-киселиот сос.
  7. Гответе уште кратко колку да впијат сите вкусови, па јадењето сервирајте го со варен ориз.
Пилешко со брокули и соја сос
Пикантно пилешко во слатко-кисел сос
Полнети ролнички со месо и зеленчук
Филипински лумпии
Пилешко на индиски начин
Пилешки крилца со сусам
Оризова каша
Пилешко со нудлс
Харусаме со свинско месо
Корејска чорба со тофу
Палачинки со млад кромид
Суши Нори
Кинеско свинско со ананас
Салата од печен наут со кељ
Кинески погачки (посно)
Чанамасала
Златно млеко
Зелка салата со сусам и ѓумбир
Говедско месо на монголски начин
Ориз со печурки
Пападичад
Малајтика
Пржено пилешко со киви
Теријаки сос
Тајландска супа од кокос и пилешко месо
Свинско филе на индонезиски начин
Баба гануш (хроно)
Индиски леб
Пудинг од моркови
Слатко-кисели пилешки топчиња

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: