Состојки
Малтекс Малтексот е природен засладувач што се добива од јачмен. Има темна боја и со изгледот потсетува на мед. Може да се употреби како замена за рафиниран шеќер, а и во прехранбенaта индустрија се користи како засладувач во бројни производи. Користењето на малтекс како засладувач нуди бројни предности. Пред сè, тој предизвикува помали скокови на шеќерот во крвта од белиот и кафеавиот шеќер, што значи дека е погоден за луѓето кои сакаат да го одржат нивото на шеќер во крвта во одредени граници. Јаглените хидрати (шеќери) што содржат малтекс се сметаат за „добри“. Малтозата, глукозата, фруктозата што ги содржи малтексот слични се на оние што содржат јачмен, овес и други интегрални житарки, а секако се подобри од чиста сахароза (бел и жолт шеќер). За разлика од шеќерот, малтексот не содржи само „празни калории“. Напротив, богат е со витамини и минерали како што се калциумот, калиумот, железото, магнезиумот, бета каротинот и витамините Б комплекс. Интересно е тоа што делува смирувачки на кашлицата. Заради своите добри прехранбени особини, се препорачува за исхрана на децата, времените, реконвалесцентите и спортистите.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: