Рецепти
Солени крофни Ана Ѓорова

Одлични за појадок, а може да ги комбинирате со омилените солени состојки

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(300 Грама)

Вода(150 Милилитри)

Шеќер(1 Супена лажица)

Малтекс(1 Кафена лажица)

Квасец(1/2 )

Сол(1 Кафена лажица)

Сода бикарбона(1 Кафена лажица)

Белка од јајце(1 )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути + околу 1 и пол час за тестото да стаса

  1. Квасецот растопете го во млаката вода.
  2. Во сад измешајте ги брашното, солта, шеќерот и малтексот, па додајте го растопениот квасец и замесете меко тесто.
  3. Тестото покријте го и оставете го да стасува околу 1 час.
  4. Потоа поделете го на 8 еднакви топчиња и повторно оставете ги да стасаат.
  5. Со набрашнет прст направете дупка на средината од секое топче и формирајте крофна со дупка во средината.
  6. Потоа по 2-3 од крофните ставете ги во 3 л зовриена вода со сода бикарбона во тенџере на оган околу 1 минута.
  7. Ставете ги да се сушат врз крпа како што ќе ги вадите од тенџерето.
  8. Потоа префрлете ги во намастен плех и премачкајте ги со белки, па наросете ги со семки по желба.
  9. Печете ги во веќе загреана рерна на 180 степени околу 20-тина минути или додека убаво заруменат.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: