Состојки
Манго Мангото е познато како „цар на овошјето“. Тоа е еден од најпопуларните овошјa со неповторлив вкус и арома. Ова е тропски плод и за негова татковина се сметаат рамнините под Хималаите во Индија. Претставува плод богат со диетални влакна, витамини, минерали и поли-фенолни соединенија. Истражувањата покажуваат дека потрошувачката на манго штити од рак на дебелото црево, леукемија и рак на простата. Плодот е одличен извор на витамин А и флавоноиди како бета-каротен, алфа-каротен и бета-криптоксантин. Само стотина грама свежо овошје обезбедуваат 765 милиграми или 25% од препорачаната дневна доза на витамин А. Потрошувачката на овошје богато со каротен го штити организмот од рак на белите дробови и на устата. Свежото манго е богат извор на калиум кој е важна компонента на клеточните течности и помага за контрола на срцето и крвниот притисок. Плодот е добар извор на витамин Б6, витамин Ц и витамин Е. Потрошувачката на храна богата со витамин Ц помага на телото да развие отпорност против инфективни заболувања. Бакарот во мангото помага за производство на црвени крвни клетки.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: