Состојки
Марула
Марулата е богата со витамини, особено со витамин Ц. Ова ја прави особено погодна за пролетната сезона, кога имунитетот ни е послаб по зимата. Исто така е богата со целулоза, затоа е многу ефикасна при нередовна столица. Содржи големи количини железо, затоа е погодна за луѓето кои страдаат од анемија. Има успивачко дејство. Високата содржина на влакна и вода во зелена салата е друга причина зелената салата да учествува во речиси секоја диета. Редовното консумирање на марула го зајакнува метаболизмот.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти