Состојки
Мелени лешници Лешник спаѓа во семејството на растенија Betulaceae во кое се наоѓаат 22 вида лешници кои можат да бидат џбунести и стеблести. Претставува овошно, јаткасто растение кое се наоѓа во нашите шуми и ридови како самотник, групиран често на рабовите од помали шумски комплекси. Тоа е дрво во вид на грмушка, густа, со изразити гранки кои лесно се виткаат и достигнуваат висина до 5 метри. Мошне карактеристично за лешникот е што машките цветови се жолтокафеави реси кои се јавуваат уште во септември, додека женските кои се одвоени од машките се јавуваат во текот на  јануари и февруари, тие се збиени и личат на пупка. Имено, хранливата вредност на лешникот е слична со онаа на оревот: плодот на лешникот претставува концентрирано и високо калорично овошје богато со масти, белковини, витамини и минерали. Тој наоѓа голема промена во кондиторската индустрија. Уште од јадрото на лешникот се добива висококвалитетно масло кое се користи не само во исхраната туку и во медицината, како и во козметичката индустрија.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: