Рецепти
Лешник коцки Ана Ѓорова

Превкусен домашен колач со крем од лешници на кој нема да може да му одолеете

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(7 за пандишпан )

Шеќер(7 лажици за пандишпан )

Мелени лешници(7 лажици за пандишпан )

Брашно(4 лажици за пандишпан )

Какао(1 лажица за пандишпан )

Прашок за печиво(1 пакетче за пандишпан )

Јајце(7 за фил )

Шеќер(300 грама за фил )

Путер(200 грама за фил )

Мелени лешници(200 грама за фил )

Шлаг во прав(3 ќесички за шлаг )

Млеко(300 мл за шлаг )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

Пандишпан

  1. Белките изматете ги со миксер заедно со шеќерот.
  2. Откако ќе се растопи шеќерот и убаво ќе се измати смесата, додајте ги една по една жолчките и соединете ја смесата.
  3. Додајте ги лешниците, брашното, какаото и прашокот за печиво, па мешајте со лопатка додека смесата се соедини.
  4. Нанесете ја во тава обложена со хартија за печење и печете во рерна на 180 степени, 30 минути.

Фил

  1. Белките изматете ги со миксер заедно со половина од шеќерот, додека шеќерот се растопи.
  2. Садот со жолчките ставете го на пареа, додајте го преостанатиот шеќер и матете со миксер додека кремот ја добие потребната густина. Оставете целосно да се излади.
  3. Во друг длабок сад пенасто со миксер изматете го маргаринот и додајте ги изладениот крем од жолчки и мелените лешници, па матете да се соедини смесата.
  4. Додајте ги потоа во смесата и изматените белки и мешајте со лажица да се соедини филот.

Финална постапка

  1. Пандишпанот исечете го на половина по широчина.
  2. Врз првата лента нанесете го филот, а врз него ставете ја втората лента пандишпан.
  3. Изматете ги млекото и прашокот за шлаг со миксер, па декорирајте го колачот со шлаг и по желба со рендано чоколадо или лешници.
Посни колачи со локум
Дроб во кошулица
Пилешки дроб и срца
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Пилешки џигер во пиво
Интегрален колач од јаболки
Ролат со кокос
Пита со кисела зелка
Куглов со ореви и чоколадо
Пача
Тава со свинско месо и печурки
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Благи кифлички со вино
Ленени погачици
Салата со праз и сирење
Посен колач со јаболко и банана
Сир тостерки
Кокос коцки
Штрудлички со јаболко (посно)
Колач со јаболко
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: