Состојки
Мушмула Мушмулата е вкусен дар на есента и одличен сојузник во борбата за подобро здравје. Од дамнина е ценета како благотворно средство за зајакнување на органите за варење, против дијареја (поради танинот, пектинот и другите состојки). Оние кои бараат алтернативен извор на витамин Ц може да се потпрат врз мушмулите. Во народната медицина се смета дека мушмулите го подобруваат видот, а исто така, влијаат добро и врз црниот дроб и бубрезите, ја хранат крвта, добри се против слабост во грбот и колената, како и против главоболка и импотенција. Иако главно се консумира свежа, а тоа нутриционистите го истакнуваат како најкорисно за организмот, од ова овошје може да се направат разни десерти како мармалад, ликер, ракија, но и сирење. „Мушмулиното сирење“ се засирува со самата мушмула, а содржи и јајца и путер.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: