Состојки
Оризово млеко во прав
Оризово млеко е напиток направен од варен ориз (обичен или интегрален). Се карактеризира со благ-слаткаст вкус кој настанува од природните ензимски процеси кога јаглехидратите се претвораат во шеќери. Исто како и соиното и бадемовото млеко и ова млеко не е од животинско потекло, па така можат да го пијат лица со интолеранција на лактоза. Ако го споредиме со кравјото млеко, оризовото има поголем процент на јаглехидрати, не содржи доволно калциум и белковини и во целост е без лактоза и холестерол. Оризовото млеко спаѓа во хранливи, лесно сварливи намирници. Претставува одлична замена за обичното кравјо млеко во деновите на пост - не е масно и затоа може да се користи за приготвување на разни јадења и десерти. За лицата кои го одбегнуваат кравјото млеко поради алергии е одлична алтернатива, без разлика дали сами ќе си го приготват или ќе го купат како готов производ.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти