Состојки
Остриги
Уште од времето на Римјаните, остригите се сметале за деликатес. Нивното месо сместено во две асиметрични школки преполни со протеини, јаглени хидрати и витамини, Французите во нив одамна препознаа кулинарски потенцијал. Во текот на годините остригите станале препознатлив симбол на француската кујна, а најчесто се послужуваат со чаша шампањ. Остригите се јадат сурови, штотуку извадени од морето, со неколку капки лимонов сок. Богати се со цинк, а тој минерал најчесто недостасува во прехраната на човекот. Конзумирањето на остригите го подобрува целиот нутритивен и здраствен статус, ама и либидото. Всушност, цинкот обилно се излачува од организмот за време на ејакулација, и е исто така потребен за синтеза на тестостерон – машкиот хормон.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти