Состојки
Сува папаја Папаја (лат. Carica Papaya) е билка од семејтвото на Carica. Претставува овошје од тропските краеви на Америка. Првпат е култивирана во Мексико, а се одгледува во повеќето тропски земји (Флорида, Хаваи и други). Плодот на папајата е јадливиот дел, има глатка кора со жолто-зеленикава боја. Месестиот дел на папајата е портокалов, мек и сладок по вкус. Внатрешноста на папајата е исполнета со црни семки. Папајата содржи протеолитички ензим папаин, кој се користи за производство на лекови против гастроинтестинални болести. Папајата се препорачува од нутриционистите за секојдневна консумација бидејќи содржи хранливи материи и ликопен. Папајата е богата со важни витамини и минерали, посебно со витамин А и Ц кои се неопходни елементи за здрав и отпорен имунитет.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: