Рецепти
Тути-фрути торта Ана Ѓорова

Декоративна летна торта со разни видови свежо сезонско овошје и шлаг, како одличен рецепт за љубителите на овошни десерти

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(5 )

Шеќер(70 Грама)

Мелени бадеми(3 Супени лажици)

Брашно(1 Супена лажица)

Какао(1 Кафена лажица)

Цимет(1/2 Кафена лажица)

Диња(200 Грама)

Пудинг од ванила(1 Пакување)

Маргарин(100 Грама)

Шеќер во прав(100 Грама)

Суви брусници(50 Грама)

Сува папаја(50 Грама)

Шлаг во прав(1 Пакување)

Портокал(1/2 )

Праска(1-2 )

Капини(0.5 Шака)

Малини(0.5 Шака)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 45 минути

ТЕСТО:

  1. Жолчките од јајце пенасто изматете ги со 2 и пол супени лажици шеќер, а белките изматете ги со уште 2 и пол лажици шеќер и направете цврста пена.
  2. Соединете ги смесата од жолчката и белката, измешајте и постепено додавајте ги мелените бадеми, брашното, какаото и циметот.
  3. Добиената смеса прелијте ја во намастена, набрашнета, округла тава и печете околу 30-35 минути на загреана рерна од 175 степени. Оставете да се олади, па исечете на 2 кори.

ФИЛ:

  1. Исчистете ги семките од дињата, исечете ја на коцки, а потоа сварете ја во тенџере со вода додека не омекне, па испасирајте ги парчињата.
  2. Во 4 децилитри од испасираниот сок од диња (ако нема толку, додајте вода или малку сок од диња) измешајте го пудингот од ванила и 50 грама шеќер и ставете го повторно тенџерето на слаб оган додека смесата не згусне.
  3. Оставете смесата малку да се олади, а во меѓувреме изматете го маргаринот со шеќерот во прав, па кога ќе се олади смесата додајте го маргаринот и шеќерот во прав.
  4. Додајте го и сувото овошје, а потоа убаво нанесете ја смесата на првата кора и покријте со втората кора, малку притиснете и оставете ја да отстои преку ноќ.
  5. Утредента одозгора нанесете го подготвениот шлаг и украсете со ситно сечкани праски, кришки портокал, малини и капини.
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Колачиња зелени елки
Кростата од бадеми со мармалад
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Колач со рогач
Благи кифлички со вино
Тробоен куглов
Ролнички со соја, праз и печурки
Кекси со лешници
Сос од грав и лук
Највкусни крофни
Штрудлички со јаболко (посно)
Посен колач со јаболки и рум
Обланди со бисквити и чоколадо
Чоколадни урми
Нескафе бомбици
Ролат со урми
Овесни колачиња со цимет и мед
Солени крофни
‘Ржан леб со семки од тиква
Колач со јаболки и бадеми
Крем бомбици
Куглоф со три фила
Овошен колач
Бајадера од урми и кикирики
Колач со млеко од соја
Брз колач со јаболко
Сочен чоколаден колач

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: