Рецепти
Обланди со бисквити и чоколадо Ана Ѓорова

Едноставен, а вкусен десерт за со попладневното кафе. На здравје!

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Обланди(5 )

Јајце(2 )

Шеќер(150 Грама)

Путер(250 Грама)

Бисквити(500 Грама)

Млеко(200 Милилитри)

Црно чоколадо(100 Грама)

Ванилин шеќер(2 Пакувања)

Рум(30 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

  1. Бисвитите сомелете ги и ставете ги во длабок сад.
  2. Во тенџере на оган ставете ги млекото, шеќерот, ванилиниот шеќер и чоколадото искршено на парчиња, па мешајте додека да се растопат шеќерот и чоколадото.
  3. Растопената смеса измешајте ја со бисквитите.
  4. Во друг сад со миксер изматете го путерот додека да стане пенаст.
  5. Додајте ги јајцата и румот и продолжете да матите додека смесата се соедини.
  6. Додајте ја во длабокиот сад со бисквитите и матете со миксер додека филот се соедини.
  7. Првата обланда со рапавата страна нагоре премачкајте ја со фил.
  8. Истата постапка повторете ја со уште 3 обланди.
  9. Врз филот ставете ја 5-тата обланда со мазната страна нагоре и притиснете со рацете за да обландите се залепат.
  10. Оставете ги да отстојат во фрижидер преку ноќ, а утредента пресечете ги на ромбови или коцки.
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Колачиња зелени елки
Кростата од бадеми со мармалад
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Колач со рогач
Благи кифлички со вино
Тробоен куглов
Ролнички со соја, праз и печурки
Кекси со лешници
Сос од грав и лук
Највкусни крофни
Штрудлички со јаболко (посно)
Посен колач со јаболки и рум
Обланди со бисквити и чоколадо
Чоколадни урми
Нескафе бомбици
Ролат со урми
Овесни колачиња со цимет и мед
Солени крофни
‘Ржан леб со семки од тиква
Колач со јаболки и бадеми
Крем бомбици
Куглоф со три фила
Овошен колач
Бајадера од урми и кикирики
Колач со млеко од соја
Брз колач со јаболко
Сочен чоколаден колач

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: