Состојки
Пченични никулци Пченичните никулци, како и целото зрно, се исклучително богати со хранливи состојки. Изртено пченично зрно содржи 700 пати повеќе магнезиум, 5 пати повеќе калциум и дури 12 пати повеќе фосфор. Никулците содржат и витамин Б1, кој помага во обновување на нервниот систем, но и витамин Е, железо, селен и цинк. Нутриционистите информираат дека пченичните никулци се чудотворни и дека се најдобро средство за зајакнување на организмот. Им се препорачуваат на деца, бремени жени, спортисти и на сите кои имаат тешкотии поради загуба на калциум и, воопшто, деминерализација. Се препорачува консумирање пченични никулци во времетраење од најмалку три недели. Никулците може да се консумираат без никакви комбинации, заедно со овошје или едноставно измешани со јогурт или со други производи. Со нив може да се збогати секое јадење, варено или сурово, а може да се замесат и во тесто за леб.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: