Состојки
Пченкарно брашно
Пченкарното брашно се добива со мелење на пченкарните зрна, а во продажба можат да се најдат повеќе видови брашно. Се користи во приготвувањето на бројни специјалитети, а покрај одличниот вкус кој им го дава на јадењата, пченкарното брашно е и многу здраво.
Пченкарното брашно спаѓа во јаглени хидрати, но не грижете се, станува збор за „добри“ јаглени хидрати. Ова брашно од цело зрно содржи комплексни јаглехидрати, влакна и други хранливи материи кои делуваат превентивно за појавата од дијабетес, срцеви заболувања и некои видови канцер. Само 100 грамови пченкарно брашно содржи повеќе од 7 грамови влакна и помалку од еден грам шеќер. Поради тоа, пченкарното брашно е одличен избор доколку сакате да ослабите и да го оджите здравјето.
Со оглед на тоа што не содржи глутен, пченкарното брашно е одлична намирница за лица кои се нетолерантни на глутен.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти