Состојки
Пире од варена тиква Тиквата изобилува со минерали од кои железо, бакар, флуор, калиум, калциум, манган, цинк кобалт и силициум. Содржи и голем процент на каротин - повеќе дури и од морковот. Освен тоа, тиквата е богата со прехранбени влакна кои лесно се усвојуваат од страна на организмот, а е малку калорична. Богата е и со пектини, шеќери, витамини од кои Ц, Е и витамини од групата В. Имено, тиквата го содржи малку познатиот и малку изучуван витамин Т кој всушност и не е вистински витамин туку претставува смеса од фолна киселина, витамин В12 и ДНА. Она што е карактеристично за овој витамин тоа е дека ретко се среќава во продуктите, но затоа пак го има во тиквата. Витаминот Т кој го содржи тиквата е важен поради активното учество при формирање на тромбоцитите и помага при згрудување на крвта, го забрзува процесот на размена на храната во организмот и учествува во процесот на создавање на протеини.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: