Состојки
Портокал
Еден од најдобрите начини да го започнете денот е да консумирате свежо исцеден сок од ова овошје. Еве какви сè предности за нашиот организам носи консумацијата на само еден портокал дневно. Високата содржина на витамин Ц во портокалот делува како антиоксиданс, а ова овошје, како и другите видови на цитруси, го содржи соединението наречено Д-лимонел, кое ефикасно го спречува развојот на одредени видови на рак, како што е ракот на кожата, дојките, белите дробови, дебелото црево и устата. Кога станува збор за превенција на оваа болест, дополнителен адут кој го имаат портокалите е тоа што содржат голема количина на калиум. Еден од најважните флавиноиди кој портокалите го содржат во изобилство е хесперидинот. Истражувањата покажуваат дека истиот го намалува нивото на лошиот холестерол во телото. Портокалот е одличен и за намалување на воспаленијата во организмот. Токму ова негово дејство помага во намалување на болката во случај на артритис и вкочанетост на мускулите и зглобовите. Портокалот и’ дава на нашата кожа прекрасен сјај. Овој ефект се должи на антиоксидансите кои се наоѓаат во него, а кои ја штитат кожата од штетното дејство на слободните радикали, кои пак, го забрзуваат процесот на стареење на кожата. Портокалите се полни со хранливи влакна кои ја стимулираат работата на системот за варење и помагаат за отстранување на констипацијата. Портокалите се одличен извор на фолати и на фолна киселина, кои помагаат за правилен развој и функционирање на мозокот.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти