Состојки
Праска
Уште во далечниот десетти век, Кинезите знаеле за придобивките од праските за човековото здравје и не случајно се верува дека праските го продолжуваат човечкиот живот. Праските содржат многу витамини и минерали, но содржината на калиум е причината Кинезите да веруваат во чудесната сила. Недостатокот на калиум во нашето тело може да доведе до многу сериозни проблеми како стрес, напнатост, слабост во телото. Недостатокот на калиум се одразува на кожата, меморијата слабее, но најважните проблеми кои се јавуваат во отсуство на калиум се поврзани со функционирањето на срцето. Праските се со висока содржина на витамин Ц. Витаминот Ц е важен антиоксидант и содржи хранливи елементи кои придонесуваат за подобрување на имунолошкиот систем, а е исто така корисен за кожата. Праските исто така го подобруваат видот и го намалуваат холестеролот.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти