Состојки
Соини снегулки Сојата е единствен растителен производ која ги содржи сите есенцијални аминокиселини без коишто организмот не може да функционира. Соините снегулки содржат протеини; масти; јаглехидрати; витамини Б1, Б2, Б3, Б6; фолна и пантотенска киселина, а ги содржи и витамините Ц, Д, Е и К, но во помали количини. Сојата содржи и калциум, фосфор, калиум, железо, сулфур, манган, натриум, молибден, бакар, бор, јод, кобалт и цинк. Токму поради богатиот и уникатен состав, сојата е растение од огромна важност бидејќи не постои друго растение кое по својата вредност и искористеност би можело да ѝ е слично. Исхраната богата со соја помага за регулирање на крвниот притисок, како и на нивото на холестерол во крвта, притоа зголемувајќи го нивото на HDL (добрата фракција на холестеролот). Соините снегулки содржат и значителни количини растителни влакна, а богати се и со растителни естрогени, т. н. фитоестрогени (кои дејствуваат слично како хормоните и ги ублажуваат симптомите на климактериумот).
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: