Состојки
Сок од брусница
Брусницата спаѓа во редот Ericales, фамилија Ericacea, род Vaccinium кој се состои од околу 450 вида вклучувајќи и неколку вида на брусница и боровинка. Се препорачува нејзина честа употреба во исхраната поради бенефициите кои ги има за човечкиот организам. Имено, брусницата содржи многу органски киселини, провитамин А (бета каротен), витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3) и многу минерали. Покрај тоа, содржи и многу фито-соединенија и омега-3 масни киселини. Брусницата е веќе долго време позната и како лековита билка: листовите од брусницата се познати како природен антибиотик од кој се прават лековити чаеви. Од свежите плодови се прават сокови, а можат да се чуват и замрзнати или сушени. Од нив може да се прават вкусни џемови, сосови и јадења.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти