Состојки

Тапиока бисери
Тапиока бисери кои го даруваат Вашето здравје, придонесуваат за подобрување на циркулацијата, го подобруваат варењето на храната, го намалуваат холестеролот, спречуваат дијабетес, го подобруваат метаболизмот, ја подобруваат структурата на коските, спречуваат Алцхајмерова болест, го штитат срцето, одржуваат баланс на течностите во телото, спречуваат дефекти при раѓање, но интересно е тоа што оние кои не можат да накачат килограми, тогаш овие бисери ќе им помогнат да дојдат до здрава телесна тежина (не зборуваме за дебелина).
Тапиока бисерите се вкусен скроб кој се добива од растението касава. Има потекло од Јужна Америка, бојата на растението касава е кафена, а внатрешноста бела (која е богата со јаглехидрати). Индијанците од него правеле леб и пијалаци, многу внимателно се подготвувале, бидејќи племињата, на посебни обреди, уживале во неговото дејство како опиум. Денес се употребува најчесто како згуснувач и од брашното се подготвува вкусен леб. Ова е идеален производ за луѓето кои се нетолерантни на глутен или имаат целијачна болест.
Можете да ги пронајдете во продавниците за здрава исхрана.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти