Состојки
Црн чај
Црн чај е вид чај кој е повеќе оксидиран отколку улонгот, зелениот и белиот чај.
Сите четири вида се прават од листовите на чајната билка (Camellia sinensis). Црниот чај по правило е посилен на вкус и содржи повеќе кофеин отколку помалку оксидираните чаеви.
Додека зелениот чај го губи вкусот за една година, црниот чај го заджува вкусот неколку години. Затоа тој од дамнешни времиња е вредна трговска стока, и пресуваните коцки дури служеле и како парична единица во Монголија, Тибет и Сибир заклучно со XIX век. Уште од времето на династијата Танг црниот чај потопен во врела вода служел за бојосување на облеката на нижите класи кои не можеле да се дозволат квалитетни текстилни бои во тоа време. Првобитно чајот се увезувал во Европа како зелен или полуоксидиран. Дури во XIX век црниот чај го претекнал зелениот во популарност. Иако зелениот чај во последно време ужива повторна популарност заради неговите наводни здравствени благодети, црниот чај сепак сочинува над 90% од вкупната количина на продадениот чај во неазиските земји.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти