Состојки
Туна
Туната е една од најздравите риби кои треба да ги додадете во вашата секојдневна исхрана. Оваа намирница претставува совршен извор на висококвалитетни протеини кои воедно содржат малку масти.
Богата е со хранливи состојки, бидејќи содржи минерали како калиум, селен и магнезиум. Освен тоа содржи и големи количини на витамин B комплекс и омега 3-масни киселини, кои се од клучно значење на здравата храна.
Туната ги намалува симптомите на депресија, го зајакнува имунолошкиот систем, го штити срцето, го подобрува здравјето на мозокот и ја ублажува болката во зглобовите. Морскате храна, особено туната, е единствениот природен извор на DHA и EPA, посебен вид на омега-3 масни киселини кои го подобруваатздравјето на срцето и мозокот.
Витаминот Е и селенот во туна спречуваат некои форми на рак , како што се рак на панкреасот и рак на дигестивниот тракт, како што се на устата, желудникот, хранопроводникот, гркланот и дебелото црево. Омега-3 масни киселини присутни во туната спречуваат рак на дојка и, исто така, се намалува ризикот од развој на леукемија.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти