Состојки
Жолт шеќер Жолт шеќер претставува шеќерен производ со специфична боја што се должи на присуство на меласа (густ, сладок темнокафен сок кој е нус производ при процесот на кристализација што се случува при производството на шеќер) која се додава во текот на обработката на шеќер. Во најдобар случај, ваквиот шеќер е делумно рафиниран, но често е подеднакво рафиниран како и белиот, а меласата му дава единствен вкус и својства при користењето. Поради додавањето на меласата, жолтиот шеќер има повеќе влага од белите кристали на шеќерот, што му дава единствена текстура. Една лажичка жолт шеќер, содржи околу 60 калории и 15 грама јаглени хидрати, што во суштина е исто како кај обичниот.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: