Состојки
Зрела банана
Бананите се класифицирани како десертни банани (жолти и целосно зрели кога се јадат) или како зелени банани. Двата дела од зрелата банана, кожата и внатрешниот дел, може да се јадат сурово или зготвени. Западниот свет го јаде само внатрешниот дел и ја фрла кожата, додека некои азиски култури генерално ја јадат и кожата. Бананите се вреден извор на витамин Б6, витамин Ц и калиум, затоа се препорачува нивно често консумирање. Зрелите банани може да се сечат, па да се сушат и потоа да се јадат како чипс. Сушени банани, исто така, можат да бидат мелени во брашно.
Зрелите банани во себе содржат антиканцерогени својства. Колку бананата е потемна, толку е поздрава и содржи голема количина на витамин Б и Ц, калиум како и антиоксиданси, а со самото тоа полесно се вари.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти