Состојки
Рогач Рогач се користи со векови како важен извор на храна за човекот и за исхрана на добитокот. А многу добра опција е дека плодовите се во можност да опстанат на дрво со години, иако суви, но сепак употребливи. Се користел како засладувач, сè до појавата на вештачки засладувачи. Исто така се користи како замена за какао и чоколадо. Се одликува со природно сладок вкус и многу специфична арома и е одличен додаток во торти и колачи. Буквално сите делови од дрвото на рогачот наоѓаат своја примена. Кората и листовите на пример, се користат за подготовка на разни сирупи и се одличен сојузник во борбата против алергии, настинки, сува кашлица или раните во устата. Семињата од рогачот пак се употребуваат како засладувачи на пијалаци или во замена за какао. Рогачот воедно е многу здрав и хранлив, богат со диетални влакна, кои го подобруваат варењето на храната.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: