Состојки
Чоколадно млеко Чоколадното млеко е омилен напиток на помладите генерации, но исто така е погоден и за спортските типови и за оние кои редовно тренираат. Имено, чоколадното млеко, покрај одличниот вкус, претставува поекономична и еднакво ефективна замена за скапоцените суплементи кои се пијат по фитнес тренинзите. Фитнес тренингот во комбинација со чоколадното млеко се добитна формула за подобрување на растот на мускулната маса, а многу истражувања покажаа дека со пиење млеко после вежбање се зголемува синтезата на мускули што резултира со зголемување на мускулните ќелии. Чоколадното млеко содржи двојно повеќе јагленохидрати од обичното млеко како и спортските напитоци кои го подобруваат растот на мускулите. Само една чаша чоколадно млеко содржи половина од препорачаната дневна доза за калциум и една третина за витамин Д.  
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: