Состојки
Гарам масала (индиски мешан зачин) Гарам масала и индиски мешан зачин. Одлично се комбинира како зачин на пилешко месо, но и во мешавина од јогурт и овес како појадок, а може да се вметне и во зачинети суви колачиња. Најмногу се користи во индиските јадења.   Доколку не можете да го најдете во продажните маркети, можете сами да го подготвите. Ќе ви треба: 1 лажица ким, 1 и пол лажиче коријандер, 1 и пол лажиче бибер, 1 и пол лажиче кардамом, 1 лажиче цимет, 1/2 лажиче каранфилче и 1/2 лажиче морско оревче. Ако ги набавите сомелени само измешајте ги заедно и зачинот е готов. Доколку ги набавите во зрно, прво сомелете ги.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: