Состојки
Индиски ореви
Индиски орев (Anacardium occidentale) е со потекло од Јужна Америка-Бразил. Иако се нарекува орев, всушност претставува семе од ботаничка гледна точка и има облик на бубрег. Имено, индиските ореви се намирница со сладок вкус и мирис што може да се јадат сурови или во различни солени и благи рецепти.
Изобилуваат со селен, бакар, фосфор, магнезиум и цинк. Индиските ореви играат важна улога во заштита од срцевите болести како извор на незаситени масни киселини и монозаситени масти кои го смалуваат нивото на триглицериди, а со тоа се погодни и за дијабетичарите. Индиските ореви се и богат извор на антиоксиданси кои се неопходни за човечкиот организам.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти