Состојки
Јачмен Јачменот е старо жито, со векови наназад изобилува со растителни влакна и содржи разни витамини, како што се витамините Б3, Б1 и Б2; многу мали количини витамини А, Е и К; минерали и олигоелементи – селен, железо, магнезиум, цинк, калиум, манган, фосфор и бакар и многу малку масти. Јачменот е одличен извор на растителни влакна, сварливи и несварливи, и на особено значајните бета-глукани кои се одговорни за намалување на нивото на LDL-холестеролот. Сварливите растителни влакна помагаат и за намалување на нивото на гликоза во крвта, за намалување на ризикот од развивање шеќерна болест, како и за подобрување на состојбата на кардиоваскуларниот систем. Несварливите растителни влакна во јачменот помагаат за редовно празнење на цревната содржина и за намалување на ризикот од одредни облици на рак на дебелото црево. Консумирањето храна богата со растителни влакна го зголемува и го продолжува чувството на ситост, што е значајно за одржување на телесната тежина и за превенција од дебелеење.    
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: