Состојки
Какао
Какао (Theobroma cacao) е мало дрво од фамилијата Слезови (Malvaceae) со потекло од тропските делови на Америка. Од неговите семиња најчесто се прави какаова маса (прав) и чоколадо.
Инаку, какаото претставува дрвенесто растение чиј плод содржи 30 до 45 зрна од кои, кога ќе созреат, се екстрахира какаовото масло, а со нивно мелење се добива какаов прав. Тој претставува основна суровина за добивање на чоколадо и какаова напивка.
Се смета дека какаото помага во превенцијата на појавата на срцеви заболувања, а тоа се должи на присуството на флавонол, силен антиоксиданс кој го поттикнува протокот на крв во мозокот и така влијае врз когнитивните способности.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти