Состојки
Кокосово масло
Кокосовото масло е поздрава алтернатива од сите други масла за готвење. Нутриционистите велат дека кокосовото масло е лесно сварливо, брзо се апсорбира и лесно се трансформира во енергија. Може да се користи како здрава замена на кремот или млекото за кафе, а е една од ретките храни која може да се класифицира како „суперхрана“: неговата уникатна комбинација на масни киселини може да има длабоки позитивни ефекти врз здравјето. Тоа вклучува губење на масти, забрзување на метаболизмот и слично. Имено, се препорачува консумирање на кокосово масло пред јадење за подобро варење на храната. Кокосовото масло поседува разни други неверојатни бенефиции од кои: подобрување на функцијата на мозокот - маслото од кокос може да биде терапевтски за мозочните нарушувања, епилепсијата и Алцхајмеровата болест; кокосовото масло помага да се постигне нормална функција на тромбоцитите и ги намалува топлите бранови преку способноста на регулирање на хормоните. Кокосовото масло се смета и за антиоксидант поради неговата стабилност и отпорност на оксидација и на формации на слободните радикали. Помага во заштита на кожата од ефектите на стареење и може да помогне во подобрување на изгледот на кожата.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти