Состојки
Кокосово млеко Кокосовото млеко е состојка за готвење со млечно бела боја и благ вкус, добиена од месото на зрел кокосов орев. Богатиот вкус и белата боја се должат на високата содржина на масло и шеќери. Кокосовото млеко е придружна состојка на бројни јадења од тропските кујни, особено кај оние од Југоисточна Азија и е основа на бројни тајландски зачинети јадења. Постојат два типа на кокосово млеко: густо и ретко. Густото млеко се користи претежно за готвење десерти и богати, суви сосови. Реткото млеко се користи за супи и за готвење воопшто. Кокосовото млеко може да се користи и за пиење одвоено, или како замена за млеко од животинско потекло во кафиња, чаеви и слично. Може да се измеша со овошје како замена за овошен јогурт, но и да се употребува при печењето на разни печива.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: