Состојки
Коријандер
Kоријандер (Coriandrum sativum), исто така познат и како кинески магдонос е едногодишно растение во фамилијата Apiaceae. Потекнува од Мароко, Средна и Јужна Америка. Листовите му се слични на магдонос, иако се доста помали, а мирисаат на мешавина од цреша, ванила, цимет, ружа или портокал. Плодовите се во форма на мали топчиња кои можат да имаат од светлокафена до црвеникаво-жолта боја, а мирисаат на анис.
Како зачин се користат и листовите и плодовите на коријандерот. Листовите имаат остро-горчлив вкус и можат да се користат за салати и како додаток на јадења од сирење. Семето вообичаено се користи во теста, пецива, во рецепти кои содржат зелје, тиква и слични состојки. Коријандерот е одличен и како додаток на јадења од дивеч, чорби, јадења од свинско и јунешко месо, а оди и во рецепти со зелка и печурки.
Познато е благотворното дејство што коријандерот го има во поцесот на варење на храната, па поради тоа е препорачливо да се додаде во било кое „тешко“ јадење. Освен како додаток за солени јадења, може да се употреби и при подготовка на слатки како компоти, колачи, маринади, коктели, а познато е и пивото Госа во кое исто така се додава коријандер.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти