Рецепти
Бургери со домашен гвакамоле сос Ана Ѓорова

Одлични за домашна скара во дворот со пријателите. Сите ќе ги обожаваат!

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Мелено говедско месо(900 Грама)

Сол(3 Кафени лажици)

Бибер(2 Кафени лажици)

Лук во прав(2 Кафени лажици)

Сос за скара(1/2 Чаша)

Авокадо(3 позрели )

Свеж сок од лимон(1 Супена лажица)

Мајонез(1 Супена лажица)

Коријандер(2 лажици исечкан )

Лупени домати од конзерва(1/4 Чаша)

Млад кромид(2 )

Марула

Бургер леб(8 )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Меленото говедско месо измешајте го со 2 лажички сол, 1 лажичка бибер и 1 лажичка лук во прав. Убаво соединете со дланките и формирајте 8 еднакви плескавици.
  2. Плескавиците печете ги на скара на умерен оган, околу 4 минути од секоја страна, или додека целосно се испечат и заруменат.
  3. Премачкајте ги двете страни од секоја плескавица со сосот за скара (BBQ сос) и печете ги уште дополнителни 1-2 минути колку да впие сосот.
  4. Тргнете ги плескавиците во чинија настрана и поклопете со капак за да не се ладат.
  5. Во меѓувреме подгответе го гвакамоле сосот: исчете ги авокадата и внимателно извадете им ја семката, па тргнете ги настрана.
  6. Во сад издлабете го месестиот дел на авокадото и испасирајте го со виљушка. Додајте го сокот од лимон, мајонезот, 1 лажичка сол, 1/4 лажичка бибер и 1 лажичка лук во прав. Измешајте додека смесата добро се соедини.
  7. Потоа додајте ги ситно исечканиот коријандер, сечканите домати и сечканиот млад лук.
  8. Лепчињата за бургери исечете ги на половина, ставете по еден лист марула (или ситно исечкана марула), плескавица, премачкајте со гвакамоле сос и поклопете.
  9. Уживајте!

 

Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Колачиња зелени елки
Кростата од бадеми со мармалад
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Колач со рогач
Благи кифлички со вино
Тробоен куглов
Ролнички со соја, праз и печурки
Кекси со лешници
Сос од грав и лук
Највкусни крофни
Штрудлички со јаболко (посно)
Посен колач со јаболки и рум
Обланди со бисквити и чоколадо
Чоколадни урми
Нескафе бомбици
Ролат со урми
Овесни колачиња со цимет и мед
Солени крофни
‘Ржан леб со семки од тиква
Колач со јаболки и бадеми
Крем бомбици
Куглоф со три фила
Овошен колач
Бајадера од урми и кикирики
Колач со млеко од соја
Брз колач со јаболко
Сочен чоколаден колач

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: