Состојки
Козјо сирење Козјото сирење претставува производ на козјото млеко, кое е многу здраво. Козјото сирење е присутно на нашата македонска трпеза во придружба на многу јадења, салати, месо и слично. Во светот постојат 450 вида козјо сирење што се карактеризира со деликатен и солен вкус. Имено, во 30 грама козјо сирење има само 80 калории и 6 грама масти што значи дека козјото сирење е одличен избор за сите кои сакаат да одржат здрава телесна тежина. Содржи масни молекули кои имаат структура што овозможува лесна апсорпција и дигестија од страна на организмот, а се препорачува и за прочистување на организмот и за зголемување на имунитетот. Исто така, козјото сирење содржи умерена количина на пробиотици што дополнително ја олеснува дигестијата и го подобрува здравјето на системот за варење.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: